Силен ветер од северозападен правец се очекува денеска, 26 октомври, поради што е издаден метеоаларм. Според најавите, ветерот локално ќе достигнува и ќе надминува брзина од 60 километри на час.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при движење на отворено, особено на места изложени на силни налети на ветер.
Дополнително внимание се препорачува и при возење, како и во близина на дрвја, градилишта и предмети што би можеле да бидат поместени или соборени од ветерот.