Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди американската сојузна држава Тексас, објави Ројтерс, повикувајќи се на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри и 151 километар западно-југозападно од градот Одеса во државата Тексас. Регистриран е во 04:27 часот по локално време.
Нема извештаи за жртви или материјална штета.
Земјотресот бил почувствуван и во Ново Мексико. Жителите на државата на социјалните мрежи коментираат дека истрчале од креветите кога почнало нишањето кое траело 20-30 секунди.
Следеа неколку последователни потреси, од кои најсилниот досега бил со јачина од 3,4, други пет со јачина од 2,5 до 3,2, соопшти Американскиот геолошки институт.
Останете во тек за детали.