Новак Ѓоковиќ годината ја завршува на прво место – осми пат во кариерата! На свечена церемонија во Торино, српскиот тенисер доби трофеј наменет за првиот светски рекет на крајот од сезоната.
Ѓоковиќ во неделата со победа го започна учеството на Завршниот Мастерс, обезбедувајќи го првото место на АТП листата на крајот од годината.
Новак ја завршува сезоната на врвот на табелата по рекорден осми пат. Во исто време, тој стана најстариот тенисер кој успеал со рекет.
– Возбуден сум што можам да го споделам ова искуство со вас – расположен им порача Новак на фановите.
Наградата на свеченоста во Торино му ја врачи првиот човек на АТП Андреа Гауденци.
Year End No.1️⃣ @DjokerNole #NittoATPFinals 🤜🤛 pic.twitter.com/t32wd3Or15
— Tennis TV (@TennisTV) November 13, 2023
– Ова е круна на сезоната. Едно од најтешките достигнувања во нашиот спорт. Помина долга година, сакам да му се заблагодарам на мојот тим, на тренерите. Без нив не би бил тука – изјави Ѓоковиќ на теренот.
Следниот понеделник Ѓоковиќ ќе стане првиот човек во историјата кој поминал 400 недели на првото место.
Congratulations Novak Djokovic ❤️@DjokerNole pic.twitter.com/o1BZ6FbMS2
— 🐐🐊ElaineL (GmaElaine6) (@LloydE255084) November 13, 2023