Премиерот Димитар Ковачевски синоќа во друштво на претседателот на Србија Александадр Вучиќ и претседателот на Црна Гора Јаков Милатвовиќ имаа неформална вечера со жива музика во Белград.
Од видеото кое го објави српскиот претседател може да се забележи дека највесел е македонскиот премиер Димитар Ковачевски кој пие вино, пее песна од Харис Џиновиќ, а текстот го чита од неговиот мобилен телефон. На почетокот од видеото се случа како Ковачевски вели дека оваа песна ја знае.
На снимката објавена на Инстаграм може да се забележи дека пред Ковачевски има и микрофон кој најверојатно бил користен таа вечер. Нејасно е дали премиерот бил меѓу изведувачките.