Американската актерка и театарска режисерка Сузан Шепард почина на 17 ноември на 89-годишна возраст, потврди нејзиното семејство во саботата вечерта.
Како што пренесува Index.hr, актерката на јавноста и беше позната како „мафијашка мајка“ благодарение на улогите во филмот „Добри момци“ на Мартин Скорсезе, каде ја глумеше мајката на Карен Хил и серијата „Сопранови“ каде што ја играше мајката на Кармела Сопрано.
Внуката на Сузан, Изабел, потврди за The US Sun дека актерката починала, но причината за смртта не е наведена, а семејството не соопшти повеќе детали. Покрај Изабела, Шепард ги остави ќерката Кејт, зетот Мајлс и снаата Џојс.
Обожавателите ги преплавија социјалните мрежи со почит кон актерката, поздравена како една од најдобрите американски актерки од „гангстерски филмови“: „Одлична актерка и учителка“, „Ова е толку тажно“, „На сите ќе им недостига“, напишаа многумина на социјалните мрежи.
Поминаа неколку години откако Шепард последен пат се појави на екранот, но тоа не значи дека таа не била зафатена. Долго време работела и како учител по глума, а Кристофер Мелони, Џоан Ален и покојниот Грегори Хајнс се само дел од нејзините ученици кои постигнале голем успех.
“He made us all look like gavones!”
One of the greatest scenes ever. Ever. Rest in Power, Legend!#Goodfellas #TheSopranos
Suzanne Shepherd also plays that part in #RequiemForADreampic.twitter.com/E9OmNAWPF3
— dunzo (@duketinkertown) November 19, 2023