Балкан

НЕЗАПАМТЕН СКАНДАЛ: Новак на допинг контрола пред меч – „срамна одлука, за 20 години кариера ова не сум го доживеал“

НЕЗАПАМТЕН СКАНДАЛ: Новак на допинг контрола пред меч – „срамна одлука, за 20 години кариера ова не сум го доживеал“

Целосен хаос на Дејвис купот.

По победата на Новак Ѓоковиќ над камерунецот Нори, а воедно и триумфот на Србија над Велика Британија во четвртфиналето на Дејвис купот во Шпанија, Ноле објави дека пред натпреварот бил подложен на допинг контрола! Деталите за комплетниот скандал ги откри на прес-конференција на која рече дека тестот се уште не е завршен!

„Сè уште не сум направил целосна допинг контрола, бидејќи треба уште да дадам крв. Имав дискусија со луѓе од антидопинг агенцијата и не можев да верувам дека донеле таква одлука. За 20 години и повеќе , не ми се случило саат и пол пред мечот да одам на допинг контрола, имам своја рутина, не ми треба вакво одвраќање, земање урина, крв, размислување дали можам да дадам урина на тој момент…“, ги откри Новак деталите од скандалот.

Секако, допинг-контролата не е изненадување во светот на професионалниот спорт, но неверојатно е што најдобриот во историјата доживеа да биде повикан во просторијата за тестирање за време на подготовките за еден многу важен дуел. Тоа во секој поглед го нарушува фокусот и рутината пред важниот дуел, а пресуден беше дуелот против Нори на дуелот Србија – Велика Британија.

Кога се ќе се земе предвид, не изненадуваат бурните реакции на Новак кон британските навивачи по мечот. Најважно е што Србија победи и се пласираше во полуфиналето каде в сабота ќе игра против Италија, исто така во Малага. Победникот од тој дуел в недела ќе игра во финалето на Дејвис купот против победникот од полуфиналето меѓу Финска и Австралија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни