Во живо Отворено студио Избори Србија 2026 Гледај
Македонија

Булаиќ: Србија не памети ваква излезност – можно е да се надмине рекордот од падот на Милошевиќ!

Булаиќ: Србија не памети ваква излезност – можно е да се надмине рекордот од падот на Милошевиќ!

Изборите во Србија се одвиваат со исклучително висока излезност, која би можела да ги надмине бројките забележани во 2000 година, кога од власт замина Слободан Милошевиќ.

Ова во „Ноќно студио“ на 4ТВ го истакна новинарката Жана Булаиќ, анализирајќи ја масовната мобилизација на гласачите.

Според податоците што ги изнесе во емисијата, до 17 часот излезноста достигнала приближно 60 проценти, што отвора можност за надминување на прагот од 70 проценти.

Булаиќ посочи дека и власта и студентското движење ги повикувале граѓаните да излезат на гласање што е можно порано.

Сепак, таа нагласи дека високата излезност сама по себе не може да покаже кој ќе има политичка предност.

„Кому ќе му одговара ваквата излезност, ќе видиме кога ќе се пребројат гласовите“, истакна Булаиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни