Македонија

Облачно и студено, не очекуваат обилни врнежи од дожд и снег

Облачно и студено, не очекуваат обилни врнежи од дожд и снег

Oблачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови. Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд. Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Слаби врнежи ќе има и во среда, а во четврток и петок ќе има појава на магла по одделни котлини. Дневната температура ќе биде во пораст.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни