Балкан

Хорор кај Суботица: Човек настрадал од струја на бандера

Хорор кај Суботица: Човек настрадал од струја на бандера

Непознат маж починал денеска околу 10 часот во Стара Моравица кај Суботица, дознава Телеграф.рс.

Како што дознаваме доживеал струен удар додека бил на бандера, а пожарникарите и брзата помош веднаш излегле на местото на настанот.

Иако првично се шпекулираше дека се работи за вработен во Електродистрибуција, од компанијата демантираа дека се работи за нивен вработен.

„Работникот кој се здоби со смртоносна повреда во градот Стара Моравица кај Суботица не е вработен во Електродистрибуција Србија. Немаше работа од Електродистрибуција Србија на електричната мрежа во таа населба“, наведуваат од ЕПС.

Во тек е истрага.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни