Балкан

Мелони во посета на Белград: Италија ќе биде со Србија на патот кон Европа

Мелони во посета на Белград: Италија ќе биде со Србија на патот кон Европа

Премиерот на Италија Џорџија Мелони денеска во Белград изјави дека Италија ќе продолжи да биде меѓу првите земји во поддршката на проширувањето на Европската унија (ЕУ), како и дека ќе ја поддржува Србија на нејзиниот пат кон Европа.

Мелони оцени и дека Белград има „конструктивен пристап во дијалогот со Косово“, додавајќи дека „Италија работи на остварување на сите обврски кои страните ги презеле“.

„За Италија е важно Западен Балкан да се приклучи на европското семејство… Италија ќе биде со Србија на патот кон Европа“, рече Мелони на прес-конференцијата по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Италија е за проширување на ЕУ или, како што рече Мелони, „повторно обединување на Европа“.

Таа ја истакна важноста на односите меѓу Италија и Србија и изрази уверување дека тие можат дополнително да се развиваат.

Целата работа што тие ја работат заедно (двете земји) ја покажува стратешката важност што Србија ја има за Италија“, додаде италијанскиот премиер, потсетувајќи на одржувањето на бизнис форумот, меѓувладиниот дијалог и успешната трговска размена.

Премиерот рече дека „заедничката иднина на Србија и Италија е ветувачка“, наведувајќи дека енергетската транзиција и вештачката интелигенција се дел од многуте полиња на кои двете земји можат да работат заедно.

„Белград е првиот град во светот каде италијанските компании основаа свои канцеларии и погони. Тоа покажува колку внимание италијанскиот претприемачки свет гледа кон Србија“, рече Мелони.

Во однос на прашањето за миграцијата, Мелони посочи дека Италија се бори против илегалната миграција и „му се заблагодари на Белград за сите напори што ги прави на ова поле“.

Говорејќи за војната во Украина, италијанскиот премиер рече дека Италија е со Украина, дека ќе продолжи да ја поддржува и дека сите треба да работиме на смирување на конфликтот.

Таа рече дека во разговорот со Вучиќ разговарале и за ситуацијата на Блискиот Исток, по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас, наведувајќи дека „Италија се занимава со хуманитарни работи во Газа“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни