Утрово во полициска акција се уапсени 11 лица, поранешни и актуелни вработени во државните институции. Причината за апсењето е незаконски договор направен за четири парцели со што е оштетен буџетот за 2 милиони евра. Ивана Трајчева рече дека до сега се сослушани 7 лица и дека е побаран притвор за 6-мина, а за еден од осомничените е побарана само мерка на претпазливост. Од обвинителството исто така истакнаа дека е побарано замрзнување на имотот на осомничените.
Меѓу уапсените во полициската акција е и екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој е во домашен притвор како и неколкумина соработници од Министерството за транспорт и врски. Меѓу уапсените има нотари, вработени во Катастар и еден бизнисмен. Основното јавно обвинителство за следење организиран криминал и корупција во соработка со МВР презело мерки за обезбедување на осомничените. Меѓу осомничените има и екс високи функционери, административци и други јавни личности.
РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ