Балкан

НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО СРБИЈА Два земјотреси во рок од два часа, еве каде се тресе!

НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО СРБИЈА Два земјотреси во рок од два часа, еве каде се тресе!

Во Србија денеска се тресеше тлото, двапати во период од два часа. Прво околу 11 часот во околината на Свилајнец, а потоа околу 13 часот во Доњи Милановац.

Според Републичкиот сеизмолошки завод, денеска во 11:08 часот е регистриран земјотрес во градот Марковац, во околината на Свилајнец. Бил со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала, а бил на длабочина од 11 километри. Нов земјотрес следеше во 13 часот и 10 минути во Доњи Милановац со јачина од 1,7 степени.

Да потсетиме, Србија се тресеше и вчера – земјотрес со јачина од 3,6 степени е регистриран во Петровац на Млава, а почувствуван е и во Свилајнец, Крагуевац, дури и во Белград и соседна Бугарија. Земјотрес имавме и во саботата, во Црна Трава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни