По хит видеото објавено на „Тик ток“, каде ги прашува своите следбеници дали знаат дека Лорд Волдеморт е Србин, српскиот претседател Александар Вучиќ има ново хит видео.
Возејќи по новоизграден автопат, во неговото, како што вели, 17 години старо возило, тој пушта радио и си потпевнува.
Вели дека не смее да вози побрзо, но увиде и дека никој не ги почитува пропишаните правила.