Од денеска стапува во сила празничното работно време на продавниците во Грција, јавува државната телевизија ЕРТ.
Според распоредот, продавниците ќе бидат отворени во работните денови од 9 до 21 часот и во сабота од 9 до 18 часот.
Во недела, на 17 декември, како и двете недели пред Божиќ и Нова година, ќе работат и продавниците. За во недела препорачаното работно време ќе биде од 11 до 20 часот, освен на 31 декември кога ќе биде од 9 до 18 часот.
Сепак, продавниците ќе бидат затворени на 25 и 26 декември, како и на 1 и 2 јануари.