Балкан

75 набљудувачи од ОБСЕ ќе ги следат изборите во Србија на 17 декември

75 набљудувачи од ОБСЕ ќе ги следат изборите во Србија на 17 декември

Околу 75 набљудувачи на Парламентарното собрание на ОБСЕ неделава ќе пристигнат во Србија за да ги набљудуваат изборите на 17 декември. По 12-ти пат од 1997 година, парламентарците на ОБСЕ ќе ги следат изборите во Србија, објави Танјуг. За специјален координатор на набљудувачката мисија на ОБСЕ е назначен претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Рејнолд Лопатка од Австрија, а шеф на делегацијата на ОБСЕ ќе биде Фарах Карими од Холандија.

„Со зголемените предизвици, внатрешни и надворешни, овие избори доаѓаат во важен момент за Србија, затоа со нетрпение очекувам да присуствувам на националните избори во недела. Сигурен сум дека нашата набљудувачка мисија ќе обезбеди непристрасна и значајна проценка во корист на Српскиот народ и властите, рече Лопатка, пренесе ОБСЕ.

„Се надевам дека овие избори ќе им дадат можност на Србите да ги изразат своите ставови на отворен и конструктивен начин и дека ќе доведат до поголемо единство и помала поларизација. Присуството на голем број набљудувачи на ОБСЕ во мисијата ја покажува нашата солидарност со народ на Србија“, рече од своја страна Фарах Карими.

Покрај ОБСЕ, свои претставници на изборите ќе имаат и Советот на Европа и Европскиот парламент, а заклучоците ќе бидат соопштени на прес-конференција ден по изборите, на 18 декември.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни