Македонски автобус на компанијата „Хафет Турс“ се запали во близината на хрватскиот град Дубровник. Автобусот се обраќал на релација Скопје – Сплит, кога во 3 утрово се запалил во возење.
Сите патници навреме го напуштиле автобусот, а бил спасен и речиси целиот багаж од патниците.
Набрзо стигнала и противпожарна екипа, и пожарот бил локализиран.
Патниците со друг автобус го продолжиле патувањето кон Сплит.