Свет

ВИДЕО Огромни поплави во Австралија, на улица е забележан крокодил

ВИДЕО Огромни поплави во Австралија, на улица е забележан крокодил

Рекордна количина на врнежи е причина за огромните поплави во Австралија, на крајниот север на Квинсленд.

Надлежните наведуваат дека ова е најлошата поплава некогаш забележана во Австралија, а на улиците е забележан дури и крокодил, пишува Би-би-си.

Екстремните временски услови предизвикани од тропски циклон фрлаат годишни количини дожд во некои австралиски области. Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат потонати авиони на аеродромот во Кернс, крокодили среде градот и луѓе кои бегаат од своите домови со чамци.

Засега нема информации за загинати или исчезнати лица. Интензивни врнежи се очекуваат во наредните 24 часа.

Стотици луѓе се спасени – многу куќи се поплавени, нема струја, патиштата се отсечени, а водата за пиење станува оскудна. Од почетокот на невремето во Кернс наврна повеќе од 2 метри дожд.

„Ова е најлошата природна катастрофа на која можам да се сетам. „Зборував со локалното население во Кернс кога бев на теренот и тие велат дека никогаш не виделе нешто слично“, изјави премиерот на Квинсленд, Стивен Мајлс за австралиската радиодифузна корпорација.

Приоритет е да се спасат граѓаните

Мајлс вели дека приоритет во моментов е да се спасат граѓаните заробени во поплавата, како оние во оддалечениот град Вујал Вујал, кој се наоѓа на 175 километри северно од Кернс.

Девет лица, меѓу кои и едно болно дете, ја поминаа ноќта на покривот на болницата, откако екипите на итната помош не можеа да дојдат до нив. Денеска беа преместени на друго место. Мајлс истакнува дека сега ќе треба да се евакуира целиот град.

„Загрижени сме за вода за пиење, канализација, струја и телекомуникации, патишта… Многу патишта се блокирани и не можеме да добиеме воздушна поддршка“, вели градоначалникот Мајлс.

Опасност за низинските заедници

Синоптичарите соопштија дека обилните врнежи од дожд ќе продолжат поголемиот дел од понеделник и ќе се совпаднат со плимата и осеката, што претставува опасност за ниските заедници, јавува Би-Би-Си.

Иако утре се очекува врнежите да престанат, реките допрва треба да го достигнат својот врв и со денови ќе бидат надојдени. Се очекува неколку реки да ги соборат рекордите поставени за време на големите поплави во 1977 година. Реката Дејнтри веќе го надмина претходниот рекорд за 2 метри, откако наврнаа 820 мм дожд за 24 часа.

Владините претставници проценуваат дека штетите од катастрофата ќе надминат една милијарда австралиски долари или 670.000 американски долари.

Австралија е погодена од серија катастрофи

Источна Австралија е зафатена од чести поплави во последните години, а тука е и Ел Нино, кој обично се поврзува со екстремни настани како што се циклони и пожари.

Австралија беше погодена од серија катастрофи во последниве години – тешка суша и историски пожари, последователни години рекордни поплави и шест масовни настани на белење на Големиот корален гребен.

Последниот извештај од Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени (IPCC) предупредува дека иднината на Австралија ќе биде преплавена со катастрофи кои постојано се влошуваат, освен ако не се преземат итни мерки за да се запрат климатските промени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни