Свет

ВИДЕО Огромна елка падна врз луѓе на плоштад, една жена загина, камерите ја снимија страшната несреќа

ВИДЕО Огромна елка падна врз луѓе на плоштад, една жена загина, камерите ја снимија страшната несреќа

Една жена загина откако во четвртокот на божиќниот пазар во Белгија врз неа паднала елка висока 20 метри, објавија локалните медиуми.

Огромно дрво на плоштадот во градот Оуденарде, на околу 50 километри западно од Брисел, не издржало силен налет на ветер во четвртокот вечерта, јави белгиската новинска агенција Белга.

Дрвото паднало врз три лица, од кои едното од тешките повреди набргу починало во болница. Остана нејасно дали огромната, празнично украсена елка е лошо обезбедена.

Видео снимката покажува како дрвото драматично се ниша на ветрот пред да падне. Локалните медиуми го цитираа градоначалникот на Оденарде, Марник де Меулемајстер, кој рекол дека обилните дождови и силните ветрови го собориле дрвото. Местото на несреќата е опколено, а властите вршат увид.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни