Транспаренси Македонија и Институтот за човекови права ја следи работата на Комисија за спречување корупција. Ана Јанева Делева, вели дека Транспаренси Македонија креирала стратегија за мониторинг врз Антикорупциска. ДКСК досега работи со полн капацитет, транспарентно, јавноста е запознаена со нејзината работа. Се покажа дека таа работи неселективно, а промените се почувствуваа уште начинот на избор на новиот состав, велат од невладините организации.
Претседателката на Комисијата за Антикорупција, Билјана Ивановска, вели дека мониторингот од невладиниот сектор е секогаш добредојден.
Околу следењето на работата на Антикорупциска, говореше и екс-судијката Маргарита Цаца Николовска и претседателка на Институтот за човекови права. Според неа, овој проект носи меѓусебна соработка, бидејќи се зближуваат два органи кои ја надгледуваат работата на многу институции.
Инаку, Комисијата за спречување корупција досега отвори неколку постапки против поранешни и актуелни владини функционери. Во тек е и постапката околу унапредувањето на државни функционери во доценти, во време кога вршеле јавна функција.
РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ