Тело на бебе во торба било пронајдено вчера во зграда која била зафатена од пожар во Кеноа, Франција.
Пожарникарите околу 11 часот добиле повик дека во зградата има експлозија и пожар и со часови се бореле со огнот. Кога конечно го изгаснале пожарот околу 17 часот и влегле во зградата да ги проверат сите соби, пронашле торба со безживотно тело на бебе во неа.
Станува збор за зграда со четири стана, меѓу кои и еден изнајмен преку Airbnb, во кој наводно никој не престојувал во моментот на пожарот.
Никој од жителите не знае чие бебе е пронајдено. Тие наведуваат дека во еден од становите живеела самохрана мајка со дете и додаваат дека не виделе дека некој од соседите е во друга состојба, ниту пак виделе жена со бебе.
Исто така, не е јасно во кој стан е пронајдена чантата.
Форензичарите веднаш излегле на местото на настанот, но вечерта морале да ја напуштат зградата поради страв дека ќе се урне покривот . Засега полицијата се уште нема одговор чие е детето и истрагата продолжува.