Македонија

Се враќаат билетите за градските автобуси, едно возење ќе чини повеќе од 35 денари

Од септември повторно се враќаат во употреба хартиените билети за автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие. Наскоро се очекува Советот на Град Скопје да ја одреди цената за едно возење. Со надополнување на картичката од 105 денари граѓаните имаат право на три возења. Од ЈСП, велат дека цената на новите билети ќе биде повисока од 35 денари. Сега за сега, граѓаните купуваат картички од 300 денари, додека најдобра поволност имаат пензионерите, кои со билет од 300 денари можат да се возат неограничено цел месец.

Студентите од приватните факултети велат дека се дискриминирани во однос на цените на билетите.

Методија Гочевски е студент на приватен факултет и вели дека не разбира зошто мора автобускиот билет да го плаќа поскапо од неговите колеги кои студираат на државни факултети.

Цената на набавката е 117.000.000 денари без ДДВ. Билетите за едно возење од септември ќе можат да се купуваат на 100 локации во градот каде што се продаваат автобуски билети. Од ЈСП велат дека билетите за едно возење се само дел од набавката која ќе опфаќа и: изработка на апликација за смарт телефони, унапредување на системот за проверка на линиите, ажурирање на системот со дополнителни читачи, обезбедување на безжична комуникациска инфраструктура и е-cloud платформа. 

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни