Наука и технологија

НАСА го претстави прототипот на суперсоничното вселенско летало X-59, eве зошто е посебeн

НАСА го претстави прототипот на суперсоничното вселенско летало X-59, eве зошто е посебeн

Американската вселенска агенција НАСА за прв пат на јавноста и го претстави својот нов суперсоничен авион Х-59. Млазниот авион, долг околу 30 метри и распон на крилата од околу 10 метри, беше претставен вчера на локација која припаѓа на Локхид Мартин во американската сојузна држава Калифорнија.

Авионот е централниот дел на проектот на НАСА Quesst (Quiet SuperSonic Technology). Првите пробни летови над одредени региони на САД се планирани за подоцна оваа година, при што ќе се собираат дополнителни податоци.

Леталото треба да биде способно да достигне суперсонична брзина без експлозијата создадена со пробивање на звучната бариера

„Х-59 е приближно 30 метри долг чекор напред на патеката што започна пред неколку децении кон остварлив комерцијален суперсоничен лет“, рече администраторот на НАСА, Боб Пирс. Потпретседателот на НАСА, Пем Мелрој, го опиша леталото како „уште еден скапоцен камен во круната на НАСА“.

Посебната карактеристика на X-59 е тоа што леталото треба да може да достигне суперсонична брзина без експлозијата што се случува при пробивање на звучната бариера. Звучниот удар не се случува само во моментот кога објектот ќе ја премине звучната бариера, тоа е континуиран ефект додека објектот патува со суперсонична брзина.

Федералната управа за авијација на САД (FAA) ги забрани сите цивилни суперсонични летови над САД до понатамошно известување.

Последен пат имало редовни суперсонични патнички летови пред околу 20 години

X-59 е дизајниран да лета на височина од околу 16 километри со брзина од 1.500 километри на час. Наместо силен тресок, испушта звук исто како тресна врата од автомобилот.

Локхид Мартин доби околу 250 милиони долари од НАСА за развој на леталото. Последен пат имало редовни суперсонични патнички летови пред дваесетина години со легендарниот Конкорд меѓу Париз, Лондон и Њујорк.

По несреќата во Париз во 2000 година со повеќе од 100 загинати, операциите беа прекинати во 2003 година. Покрај НАСА и Локхид Мартин, други компании моментално работат на враќање на суперсоничните авиони.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни