Свет

Започна предизборната кампања за предвремените претседателски избори во Азербејџан

Започна предизборната кампања за предвремените претседателски избори во Азербејџан

Во Азербејџан започна изборната кампања за претстојните предвремени претседателски избори, јави азербејџанската новинска агенција АЗЕРТАЈ.

Кампањата ќе заврши на 6-ти февруари во 08:00 часот. Според Изборниот законик на Република Азербејџан, пријавените кандидати, политичките партии и блокови со нивните овластени претставници и адвокати се обврзани да ја започнат изборната кампања 23 дена пред денот на изборите и да ја завршат 24 часа пред почетокот на гласањето.

Предвремените претседателски избори се закажани за 7 февруари, откако на 9 јануари заврши процесот за пријавување на претседателските кандидати. За претседателската функција ќе се борат 7 кандидати.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни