Свет

Беспилотни летала нападнаа голем терминал за гас во Русија

Беспилотни летала нападнаа голем терминал за гас во Русија

Беспилотни летала погодија голем терминал за гас во Русија ноќта кон неделата на 21 јануари. Избувнал пожар и дел од персоналот морал да биде евакуиран. Компанијата „Новатек“, која е најголем производител на течен гас во земјава, соопшти дека ја прекинува работата на терминалот во Уст-Луга.

Веднаш до пожарот се наоѓаат три големи, странски цистерни, кои не се оштетени. Терминалот се наоѓа во голем индустриски комплекс на Финскиот залив, недалеку од Санкт Петербург. Ова е далеку од Украина и не е јасно дали беспилотните летала можеле да бидат лансирани од украинска територија.

Медиумите во Киев пишуваат дека вистинскиот сопственик на Новатек е Генадиј Тимченко – близок пријател на претседателот Владимир Путин. Компанијата е меѓу најголемите компании во Русија, со имот од повеќе од 30 милијарди долари.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни