Свет

Турција одобри купување на 40 авиони Ф-16, веднаш по „зелено светло“ за прием на Шведска во НАТО

Турција одобри купување на 40 авиони Ф-16, веднаш по „зелено светло“ за прием на Шведска во НАТО
An F-16 Fighting Falcon attached to the 158th Fighter Wing lands at the Burlington International Airport, Vermont Air National Guard, Jan. 5, 2019. The Vermont Air National Guard has been flying F-16s since 1986 and prepares for the mission change and F-35 arrival in 2019.

Американската влада одобри продажба на 40 нови борбени авиони Ф-16 на Турција во вредност од 23 милијарди долари, откако Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО.

Договорот вклучува и комплети за модернизација на 79 постоечки турски авиони Ф-16, пренесува АП.

Потегот дојде само неколку часа откако Турција го депонираше својот „инструмент за ратификација“ за прием на Шведска во НАТО во петокот во Вашингтон, каде се наоѓа архивата на документи на алијансата, и откако неколку клучни членови на Конгресот ги повлекоа своите приговори.

Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот дека одобрил и продажба на 40 ловци Ф-35 на Грција, кои чинат 8,6 милијарди долари.

Турција долго време се обидува да ја надгради својата флота Ф-16 и ја условува ратификацијата на членството на Шведска во НАТО со одобрување за купување на авионот од страна на американската администрација.

Анкара го ратификуваше приемот на Шведска во НАТО по повеќе од една година одложување, што предизвика тензии во Алијансата.

Турскиот парламент ја ратификуваше шведската кандидатура оваа недела, а претседателот Реџеп Таип Ердоган ја потпиша ратификацијата во петокот.

Американскиот претседател Џозеф Бајден потоа ја повика американската администрација да ја одобри продажбата на Ф-16 „без одлагање“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни