Свет

Силен земјотрес ја погоди Турција

Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала утрово на 27 јануари ја погоди западната турска провинција Измир.

Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот е регистриран во заливот Кушадаси во областа Мендерес во Измир на длабочина од 8,51 километар.

Гувернерот на Измир Сулејман Елбан на социјалната мрежа Х објави дека досега нема пријавени случаи на штети од утринава земјотрес.

А гувернерот на соседната провинција Ајдин Јакуп Канболат рече дека досега не добиле извештаи за штети предизвикани од земјотресот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни