Наука и технологија

Кина лансираше „паметен змеј“

Кина лансираше „паметен змеј“

Кина ја лансираше ракетата-носач „Smart dragon-3“ (паметен змеј) од морето во јужната провинција Гуангдонг и со неа испрати девет сателити во планираната орбита, објави кинескиот центар за лансирање на сателити Тајуан.

Ракетата била лансирана утрово од морето во близина на брегот на градот Јангјанг, јави Ксинхуа.

Тоа беше трета мисија која ја користи ракетата SD-3 развиена од China Rocket Co, комерцијалниот дел на државниот производител на лансери, од декември 2022 година, пишува Ројтерс.

Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно повика на проширување на стратешките индустрии, вклучително и комерцијалниот вселенски сектор, кој се смета за клучен за изградба на мрежа на сателити за комуникации, истражување и навигација.

Кинескиот производител на автомобили Geely Holding Group исто така лансираше 11 сателити денеска за да го зголеми својот капацитет за да обезбеди попрецизна навигација за автономните возила, наведува британската агенција.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни