Свет

ГОРAT НЕБОTO И ЗЕМЈАTA: Катастрофа во Чиле, БЕСНИ пожари, се повеќе мртви! СЦЕНИТЕ СЕ СТРАШНИ

ГОРAT НЕБОTO И ЗЕМЈАTA: Катастрофа во Чиле, БЕСНИ пожари, се повеќе мртви! СЦЕНИТЕ СЕ СТРАШНИ

Најмалку 51 лице загина во шумските пожари во чилеанскиот регион Валпараисо, соопштија локалните власти.

Претседателот Габриел Бориќ прогласи вонредна состојба и рече дека ќе ги стави на располагање „сите потребни ресурси“ за да се реши оваа ситуација.

Се верува дека тоа е најсмртоносниот шумски пожар во Чиле досега.

Министерството за здравство издаде предупредување за здравјето во Валпараисо.

Министерството повика на прекин на работата и формирање на овластени привремени теренски болници.

Студентите по медицина кои се при крај на студиите ќе бидат ангажирани да помагаат на терен, најавуваат во истото министерство.

Спасувачките служби се мачеа да стигнат до најтешко погодените области, а министерката за внатрешни работи Каролина Тоха рече дека бројот на загинати ќе достигне многу повисоки бројки во следните часови.

Чилеанската влада ги повика луѓето да не патуваат во областите погодени од пожарите.

61-годишниот жител на Ел Оливар ја опиша ситуацијата како „пекол“.

Зборувајќи за новинската агенција АФП, Родриго Пулгар рече дека се обидел да му помогне на својот сосед, но потоа сфатил дека неговата куќа почнала да гори.

„Пепелта паѓаше врз нас“, додаде Пулгар.

Тој објасни дека повеќето од жителите на Ел Оливар се постари луѓе и рече дека неговата сосетка починала бидејќи не можеле да ја извлечат.

Властите соопштија дека меѓу 3.000 и 6.000 домови биле погодени од пожарите.

Во саботата беше воведен полициски час во градовите Виња дел Мар, Лимаче, Килпуе и Вила Алемана.

Бориќ рече дека полицискиот час ќе помогне да се расчисти трасата и да се овозможи возилата за итни случаи да стигнат до погодените области.

Во неделата беа ангажирани околу 1.400 пожарникари, рече министерот за внатрешни работи во обраќањето до нацијата.

Покрај итните служби, ангажиран е и воен персонал, а се истражува и причината за пожарот.

За да избегне ескалација на веќе деликатна ситуација, владата забрани работа на машини за генерирање топлина во Валпараисо и блискиот регион Марга Марга.

Лоциран на 116 километри од главниот град Сантијаго, крајбрежниот град Валпараисо е посетен од многу туристи во текот на летото.

Според информациите на локалните медиуми, соопштено е дека 45 лица се пронајдени мртви на лице место, а шестмина починале од изгореници во здравствените домови.

Минатата година, регионите Биобио и Нубл, јужно од Валпараисо, претрпеа смртоносни шумски пожари, кои се чини дека стануваат се почести и смртоносни.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни