Опозицискиот политичар Борис Надеждин нема право да се кандидира на претстојните претседателски избори во Русија, соопштија изборните органи.
Надеждин на крајот на јануари поднел повеќе од 100.000 потписи, кои се неопходни за кандидатура, но Централната изборна комисија констатирала бројни недостатоци и му наредила да ги исправи.
Тој остана единствениот потенцијален руски претседателски кандидат кој изрази јавно противење на инвазијата на Украина.
Поранешниот долгогодишен локален советник сега важи за критичар на Кремљ и јавно ја осудува руската инвазија на Украина, која се смета за кривично дело и се казнува со затвор.
Актуелниот претседател Владимир Путин претходно ја поднесе својата кандидатура за мартовските избори, каде се очекува неговата нова победа.
Надеждин изјави дека изборната комисија пријавила околу 15 отсто недостатоци во доставените потписи.
Законот дозволува регистрација на кандидатите само доколку по случаен избор на потписи се констатираат помалку од пет отсто дефекти.
Сега нè чекаат две непроспиени ноќи, изјави портпаролот на неговиот изборен штаб, бидејќи имаат уште само два дена да ги поправат пропустите.
Надеждин, кој има 66 години, беше локален советник повеќе од три децении.
Имајќи предвид дека политичките противници на Путин или се затворени или убиени под неразјаснети околности, се чини дека Кремљ е прилично толерантен кон критиките на Надеждин.
Тој неодамна изјави дека Путин „речиси ги уништил клучните институции на модерната руска држава“.
Тој за Би-Би-Си изјави дека неговата прва задача, доколку победи на изборите, ќе биде да стави крај на војната во Украина.
Набргу по предавањето на потписите, Надеждин објави фотографија на која стои пред кутиите со потписите на неговите поддржувачи.
„Горд сум на долгорочната и деноноќна работа на илјадници луѓе. Резултатот од вашето стоење во редици на студ е во овие кутии“, напиша тој на социјалната мрежа X.
Илјадници Руси чекаа редици на студ низ целата земја за да ја поддржат кандидатурата на Надеждин.
Владимир Путин суверено владее со руската политичка сцена од раните 2000-ти.
Пред четири години во Русија беа усвоени уставни амандмани кои му овозможуваат да остане на власт и по 2024 година, со оглед на тоа дека повеќе нема да има право да се кандидира за претседател.
Но, тоа му го овозможија уставните амандмани, па доколку победи на претседателските избори во март, ќе остане на функцијата најмалку до 2030 година.
А доколку и потоа реши да се кандидира за функцијата, може да остане на претседателската функција во следните шест години, до 2036 година.