Македонија

Нормализиран железничкиот сообраќај на релацијата Скопје – Куманово

Нормализиран е железничкиот сообраќај на Коридорот 10 на релацијата Скопје – Куманово, по излетувањето на товарен воз кој се случи во средата, кога излета од шините во близината на преминот во с. Черкези, при што беа превртени неколку вагони, а беше причинета само материјална штета.

-Екипите на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија по остранувањето на вагоните беа максимално мобилизирани и работеа до утринските часови со што во целост ја санираа пругата и ја оспособија за нормално одвивање на железничкиот сообраќај, се вели во соопштението од ова јавно претпријатие.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни