Тешка сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Штип – Кочани, а според информациите две лица се загинати…
Според информациите има и седум лица повредени кои се пренесени во болницата во Кочани, додека пак некои од таму се препратени на клиника во Скопје.
Јавен обвинител изврши увид на лице место, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата.
На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување.
Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење.