Државната изборна комисија го утврди роковникот за претседателските избори 2024 година во Макеоднија. Еве дел од најважните рокови кои треба да ги почитуваат медиумите, кандидатите, политичките партии…
- Од 14-ти до 17-ти февруари тече рокот за барање за упис во регистарот на радиодифузери, печатени и електонски медиуми
- Од 14-ти до 19-ти февруари тече рокот за доставување на ценовници за радиодифузери, печатени и електронски медиуми
- Од 23-ти февруари до 03-ти март тече рокот за собирање на потписи на подносител на листа за избор на претседател на Македонија
- Од 28-ми февруари до 18-ти март увид во Избирачки список
- Најдоцна до 29-ти февруари да се објават доставените ценовници од радиодифузерите, печатените и електронски медиуми на веб страницата на ДИК
- До 18-ти март е крајниот рок за пријавување на гласање на претседателските избори за државјаните на Македонија кои се наоѓаат на привремена работа во странство
- До 19-ти март рок за достава на кандидатски листи за избор на претседател на Македонија
- До 26-ти март, партиите имаат рок да ги предложат своите членови за избирачки одбори
- До 28-ми март ДИК да ја одржи ждрепката за утврдување на единствената листа за кандидати за избор на претседател на државата
- До 2-ти април да се потпише кодекс за фер избори
- На 4-ти април до 22-ри април трае изборната кампања за претседател на државата
- До 28-ми април може да се објавуваат анкети и испитување на јавно мислење за претседателските избори