Актуелниот градоначалник на Гостивар и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска на прес конференција пред медиумите ја објави својата кандидатура за претседател на државата.
„По предлог на Претседателството на Алијанса за Албанците и со поддршка од Европскиот сојуз за промени денеска се претставувам како кандидат за претседател на државата. Привилегија е да имам поддршка од толку многу фактори, одговорност е да се биде нивен избраник и нивен доверлив човек“, рече Таравари.
Тој порача дека дошло времето државата да има претседател Албанец, и тоа вистински, а не технички.
Таравари порача дека кандидатурата ќе биде со потписи.