Македонија

Закажани два конгреса на Алијанса за Албанците

Закажани два конгреса на Алијанса за Албанците

Продолжуваат превирањата во Алијансата за Албанците. Откако се одржаа два состанока на Собранието на партијата, сега се закажани и два конгреса. Првиот вонреден што го свика лидерот Таравари за денеска, вториот на Села, закажан за викендов.

Во објава за конгресот Таравари на социјалните мрежи напиша: „Промената почна“.

Конрес најави и Зијадин Села, кој не се согласува со Таравари за приклучување кон опозицискиот блок и се залага партијата да настапи самостојно.

Села објави дека конгрес ќе се одржи в недела и нема промена во датумот и локацијата. Одејќи контра Таравари, Села пишува: Секоја друга информација што кружи, освен оваа официјалната, е лажна и е обид за измама и дефокусирање на членството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни