Македонија

За лепење на политички плакати полицијата може да ве казни од 100 до 250 евра

За лепење на политички плакати полицијата може да ве казни од 100 до 250 евра

Во пресрет на започнувањето на предизборната кампања за претседателските и парламентарните избори Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува, односно укажува дека  пишувањето графити и особено на графити со вулгарна и навредлива содржина на јавни места и објекти е спротивно на Законот за јавна чистота , како и самоволното лепење на плакати на места кои не се определени за таа цел и намена. Покрај тоа, зависно од видот и обемот на оштетување на објектот, тоа претставува и прекршок против јавниот ред и мир (член 27), за кој е предвидена глоба од 100 до 250 евра во денарска противвредност.

Доколку пораките се со содржина која поттикнува национална, расна или верска омраза, раздор и нетрпеливост, пишувачите на таквите графити ќе се соочат и со кривична одговорност согласно член 319 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

Поради ова, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира , особено до помладите, да се воздржат од  пишување графити и оштетување на јавните објекти , како и на културните и историските споменици, зашто на тој начин не само што причинуваат одредена материјална штета, туку можат да предизвикаат и други несакани појави.И не само тоа, туку и да се соочат со законски предвидените санкции.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни