Македонија

Се трага по лице од Бангладеш, не се појавил на работното место на автопатот во изградба Охрид – Кичево!

Се трага по лице од Бангладеш, не се појавил на работното место на автопатот во изградба Охрид – Кичево!

На 15.02.2024 во 09.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека Н.У.(33) од Бангладеш се оддалечил од домот каде привремено престојувал во Струга.

Според пријавеното, тој не се појавил и на работното место на автопатот во изградба Охрид – Кичево, каде што извршувал градежни работи за градежна фирма од Струга, а со себе ги зел и личните документи.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни