Свет

На конгрес поддржана кандидатурата за претседател на Таравари и коалицијата со ЕСП

На конгрес поддржана кандидатурата за претседател на Таравари и коалицијата со ЕСП

Вечерва на Конгресот на Алијанса за Албанците, крило на лидерот Арбен Таравари потврдени се одлуките за кандидатурата на Таравари за претседател на државата и за коалицирање со Европскиот сојуз за промени (ЕСП).

Како што информираше портпаролот на АА, Блерант Рамадани, од вкупно 739 делегати на републичко ниво, на конгресот учествувале 421 делегат при што биле едногласно донесени неколку одлуки.

„На овој вонреден конгрес имаше три главни точки. Како прво усовјување на кандидатурата на претседателот на партијата за кандидат на претседател на  државата на нашиот претседател на партијата Арбен Таравари. Укинување на одлуките на Собранието на партијата кое се одржа на 10 февруари 2024 година. И на крај измени и дополнување на статутот. Трите точки беа изгласани со 421 глас, освен првата точка која што беше изгласана со 420 гласови, само еден беше воздржан“, изјави Рамадани.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни