Свет

Причината за смртта на Навални сè уште не е утврдена

Причината за смртта на Навални сè уште не е утврдена

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, изјави дека неговиот адвокат е информиран дека причината за смртта на рускиот опозициски лидер се уште не е утврдена.

Направено е второ испитување на телото на г-дин Навални и резултатите, „наводно“, ќе бидат достапни следната недела, рече г-ѓа Јармиш на X.

Во официјалната белешка предадена на мајката на г-дин Навални се наведува дека тој починал во 14.17 часот локално во петокот, а вработен во затворската колонија рече дека телото на Навални било однесено во блискиот град Салехард како дел од истрагата за неговата смрт.

Но, кога неговиот адвокат и мајка денеска ја посетија мртовечницата во Салехард, таа беше затворена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни