Свет

СЕ УМИРА ЗА ПОМАЛКУ ОД 120 СЕКУНДИ: Што е Новичок, моќниот нервен агенс за кој постои сомневање дека се користел за труење на Навални

СЕ УМИРА ЗА ПОМАЛКУ ОД 120 СЕКУНДИ: Што е Новичок, моќниот нервен агенс за кој постои сомневање дека се користел за труење на Навални

Се верува дека Новичок се користи во форма на прав или како и други нервни агенси – во течност или пареа.

Новичок, моќниот нервен агенс, привлече меѓународно внимание кога рускиот хемичар Вил Мирзајанов го откри неговото постоење и својства откако се пресели во САД.

Мирзајанов откри дека биле потребни 15 години за да се развие оваа смртоносна хемиска супстанца, која Советите ја тестирале на животни за време на нејзиното создавање.

– Само Русите развиле ваков тип на нервен агенс. Го чуваа и се уште го чуваат во тајност – изјави тој за Франс прес во моментот на нападот врз Сергеј Скрипал и неговата ќерка во Солсбери.

Се верува дека Новичок се користи во форма на прав или како и други нервни агенси – во течност или пареа.

Состојките на отровот се транспортираат одделно и се безопасни додека не се соединат, рече Ричард Парсонс, предавач по биохемија и токсикологија на KCL.

– Тие се многу отровни. Никаде нема нервен агенс освен во руската армија, колку што знам – изјави Парсонс.

Нервните отрови го напаѓаат централниот нервен систем така што ја нарушуваат комуникацијата помеѓу мозокот, главните органи и мускулите. Преоптоварувањето на системот може да резултира со губење на мускулната контрола што може да предизвика тешкотии со дишењето и парализа.

Просечната смртоносна доза за инхалиран А-230, веројатно најтоксичниот тип на Новичок, се проценува дека е помеѓу 1,9 и 3 mg/m3. Лицето умира за помалку од 120 секунди.

Во потешки случаи, жртвата може да се задуши или да оди во срцев удар.

– Поединците можат да бидат изложени на Новичок со допирање на кожата или со вдишување – изјави Вејн Картер, од Универзитетот во Нотингем.

Атропинот ги ублажува симптомите блокирајќи го ацетилхолинот, хемиски трансмитер кој ја контролира мускулната контракција. Нервните отрови ги напаѓаат ензимите кои го контролираат ацетилхолинот предизвикувајќи мускулна дисфункција.

Со текот на времето, телото го исфрла нервниот отров и почнува сам да го произведува.

Да потсетиме дека сопругата на Алексеј Навални го спомена Новичок како причина за смртта на нејзиниот сопруг.

– Го уби (Путин – оригинален автор) како кукавица, никогаш не се осмели да го погледне во очи, никогаш не го кажа неговото име. Сега кукавички го кријат неговото тело. Не сакаат ни да го покажат на мајка му. Чекаат нова рунда отров Новичок за да го напушти неговото тело – тврди Јулија Навални, пишува руски Медуза.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни