Сопругата на основачот на Викиликс Џулијан Асанж денеска изјави дека тој нема да преживее доколку биде екстрадиран од Велика Британија во САД, додавајќи дека утрешното рочиште по неговата жалба до судот може да биде негово последно.
Стела Асанж изјави за радио Би-Би-Си дека нема можност за дополнителни жалби доколку Високиот суд во Лондон во вторник ја отфрли жалбата на Асанж против одлуката за негова екстрадиција во Соединетите држави, додавајќи дека евентуалното последно средство е да се обрати до Европскиот суд за човекови права. Права..
Стела наведува дека е физички и психички исклучително слаб.