Мексиканските војници убија 12 вооружени лица во размена на оган во близина на границата со Тексас (САД), соопштија локалните власти.
Секретаријатот за безбедност на северната мексиканска држава Тамаулипас соопшти дека вооружената пресметка се случила во градот Мигел Алеман, кој се наоѓа на спротивната страна на американско-мексиканската граница од градот Рома во Тексас.
Како што е соопштено, војниците биле нападнати, а во конфликтот потоа биле убиени 12 осомничени.
На лице место се запленети 12 пушки.
Во соопштението не се наведени други детали во врска со нападот врз војниците, а се уште никој не ја презел одговорноста за чинот. Мексиканската армија соопшти дека се уште нема информации за вооружениот конфликт.
Мигел Алеман долго време е сцена на насилство и борби меѓу нарко картелот Зетас, сега познат како „Североисточниот картел“ и Картелот на Заливот.