Случајот се сметаше за затворен се додека во август минатата година телото на убиената беше пронајдено во куќата во која осомничениот се преселил да живее со неговиот син и новата партнерка.
Во понеделникот во судот во Ахен, Германија, започна судењето на Манфред Г. (41), кој е осомничен за брутално убиство на својата сопруга Дорота во нивниот дом во Гилрат во 2016 година.
Случајот се сметаше за затворен се додека лани во август не беше пронајдено телото на убиената, која за време на убиството имала 29 години.
Телото било пронајдено во новата куќа во која живеел Манфред со синот и новата партнерка, а судот навел дека Манфред ги зел со себе деловите од телото кога се преселил од старата во новата куќа.
Според германските медиуми, Полјакката Дорота исчезнала на 8 октомври 2016 година.
Во тоа време, Дорота и Манфред живееле со нивниот син во мало гратче во близина на границата со Холандија. Кобниот ден, како што соопшти обвинителството, Дорота која сакала да се разведе од Манфред и да замине со синот разговарала со новото момче. Тогаш Манфред, како што се верува, брутално ја убил, а потоа во полиција ја пријавил сопругата за исчезната.
Според информациите, Манфред изјавил дека се скарал со сопругата по што таа едноставно побегнала.
Полицијата веднаш започна голема акција за пребарување. Тие пребаруваа шумски површини и езера. Но, стотици полицајци, нуркачи, кучиња и експерти со најнова форензичка технологија не најдоа никаква трага од Дорота.
Од самиот почеток, одделот за убиства се сомневаше во верзијата на приказната на сопругот. Малото гратче во кое живееле имало само 1.600 жители и било покриено со камери. Полицијата ги прегледала снимките од тие камери, но на улица немало никој на 18 октомври 2016 година.
Полицијата се посомневала како жената починала во куќата. Инспекторите се посомневале во сопругот, но тие немале тело.
„Тоа беше многу незадоволителна ситуација за сите нас. Знаевме кој е сторителот, но не можевме да го уапсиме. Неколку пати ја пребаравме куќата во која живееше Дорота, го испрашувавме нејзиниот сопруг, но безуспешно“, изјави инспекторот.
Пробив во истрагата беше направен дури ова лето, кога телото на Дороти беше пронајдено во шупата на куќата во која се пресели Манфред со неговиот син и новата партнерка.
Деловите од телото биле спакувани во торба, а веднаш по откривањето, Манфред бил врзан со лисици.
Обвинителството претпоставува дека Манфред ја убила Дорота на 18 октомври 2016 година од љубомора, а таа пред убиството му признала дека запознала нов маж.
Пресудата за овој случај треба да биде објавена на 15 март, а на Манфред му се заканува доживотен затвор.