Семејството на Алексеј Навални, починатиот руски опозиционер, нема да може да го прими неговото тело најмалку две недели. Јулија Навални, вдовица на критичар на Кремљ, вчера јавно го обвини Владимир Путин дека го убил својот сопруг со нервниот агенс Новичок. Поради оваа причина, семејството смета дека властите го одолговлекуваат предавањето на неговото тело, за да ги сокријат доказите.
Људмила, мајката на Навални, била информирана дека телото е задржано на „хемиска анализа“, изјави претставникот на Навални.
Од руските власти нема потврда за тоа каде се наоѓа телото, додека напорите за негово лоцирање постојано беа прекинати.
Каде е телото на Навални?
Сопругата на покојниот руски опозиционер Јулија Навални го обвинува Кремљ дека е одговорен за убиството на нејзиниот сопруг и ќе плати за тоа.
Во видеото објавено вчера, таа вети дека ќе продолжи со својата работа во борбата за „слободна Русија“. Таа изјавила и дека телото на Навални е во рацете на руските власти, додека не исчезнат трагите од труењето со нервен агенс Новичок.
Навални веќе преживеа обид за атентат со Новичок во 2020 година.
Смртта на Навални во затвор беше објавена во петокот. Официјални лица на сибирската казнена колонија каде што тој беше приведен изјавија дека се онесвестил за време на прошетка и не успеал да го оживее.
Неговата мајка и адвокатот отпатувале во оддалечена колонија штом се објави веста за неговата смрт.
Обидите за лоцирање на телото постојано беа спречени од затворската мртовечница и локалните власти. Кремљ во понеделникот објави дека истрагата за смртта на Навални е во тек и дека засега „нема резултати“.
Подоцна, портпаролката на Навални, Кира Јармиш, изјави дека истражителите и рекле на неговата мајка Људмила дека нема да го предадат телото две недели додека не се направи „хемиска анализа“.
Во видео порака, снимена во стил сличен на пораките што ги сними нејзиниот покоен сопруг, Јулија Навални рече дека верува дека Навални бил отруен.
„Телото му го кријат – не го покажуваат и не и го даваат на мајка му – и лажат. Тие чекаат да исчезнат трагите од најновиот новичок на Путин“, рече таа.
Алексеј Навални, кој беше најистакнатиот руски опозициски лидер во последната деценија, отслужи 19-годишна затворска казна под обвиненијата кои многумина ги сметаа за политички мотивирани.
Мисијата на Јулија Навални
Западните лидери го обвинија за смртта на Навални директно претседателот Путин.
„Факт е дека Путин е одговорен, без разлика дали тоа го наредил или е одговорен за околностите во кои го ставил тој човек“, изјави американскиот претседател Џозеф Бајден.
За време на прес-конференција, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Јосеп Борељ, рече дека Навални „полека бил убиен во руски затвор од режимот на Путин“.
И ЕУ и САД велат дека размислуваат за нови санкции против Русија по смртта на Навални.
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Камерон, исто така, рече дека очекува Велика Британија и остатокот од групата богати земји Г7 да воведат нови санкции за сите Руси вклучени во смртта на Навални.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека коментарите на западните политичари во врска со смртта на Навални се „арогантни“ и „неприфатливи“.
Руските затворски власти во текот на викендот соопштија дека Навални боледува од „синдром на ненадејна смрт“.