Свет

ВИДЕО „САМО ШТО ГО УБИВ“ Татко застана пред камерата на влезната врата и и призна на сопругата дека пукал во главата на синот

ВИДЕО „САМО ШТО ГО УБИВ“ Татко застана пред камерата на влезната врата и и призна на сопругата дека пукал во главата на синот

Таткото обвинет за убиство на синот, преку камерата на влезната врата ѝ признал на сопругата дека го извршил грозоморното злосторство.

Дејвид Де Хесус Контрерас (52) минатиот ноември го застрела својот син Ерик (22) во главата во Пајнкрест, округот Мајами-Дејд. Контрерас потоа разговарал со својата сопруга преку камера на влезната врата од семејната куќа пред да биде уапсен.

– Дали е жив? Дише ли – прашува шокираната жена.

– Не дише! Тој е мртов! Тепачката на пат кон дома беше неподнослива – низ солзи одговара Контрерас.

Татко и син наводно се скарале затоа што Ерик сакал да си замине од дома.

Неколку минути подоцна на имотот пристигнала полиција, а на камерата на телото на еден од полицајците е снимено и второ признание.

– Само што го застрелав мојот син – извикува Контрерас.

Полицијата му пришла со оружје во рацете.

– Влезете, телото е таму, три метри внатре – им вели Контрерас на полицијата додека клекнал на земја.

Контрерас се појави на сослушување пред окружниот судија на округот Мајами-Дејд, Дерил Травик, минатиот ноември. Тој се изјасни за невин по обвинението за убиство од втор степен.

Тој е во притвор, каде го чека продолжението на судењето на 11 март.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни