Свет

Тајани: Потребен е итен прекин на огнот во Газа и Израел за да се заштитат цивилите

Тајани: Потребен е итен прекин на огнот во Газа и Израел за да се заштитат цивилите

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека е неопходен итен прекин на огнот во Газа и го повика Израел да го заштити цивилното население.

„Трагичните смртни случаи во Газа укажуваат на потребата од итен прекин на огнот за да се овозможи поголема хуманитарна помош, ослободување на заложниците и заштита на цивилите. Силно бараме од Израел да го заштити населението во Газа и ригорозно да ги утврди фактите и одговорноста“, напиша Тајани на социјалната мрежа Х.

Претходно денеска, повеќе од 100 луѓе загинаа, а повеќе од 700 беа повредени кога израелската армија отвори оган врз Палестинците кои чекаа ред за храна, соопшти Хамас.

Од друга страна, израелските власти тврдат дека големиот број жртви е резултат на стампедо, а не на напад на израелската армија.

ИД, сепак, призна дека нејзините припадници пукале во некои Палестинци кои се движеле кон војниците и тенкот на контролниот пункт.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни