Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Отсуство на процедури и ненавремената реакција на службите за убиствата на Вања и Панче

ВМРО-ДПМНЕ: Отсуство на процедури и ненавремената реакција на службите за убиствата на Вања и Панче

„Ја разбираме потребата на СДС да го брани сопствениот поранешен претседател на градска организација и осомничен за сурово двојно убиство Љупчо Палевски Палчо, но тоа што утврдила ревизијата е отсуство на процедури кои се начин низ кој се провлекува Оливер Спасовски и неговата одговорност за ненавремената реакција на службите за двојното убиство“, реагираа попладнево од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму прашуваат зошто Оливер Спасовски не донел процедури за задолжително постапување во вакви случаеви?

„Сака СДС од чии структури се изроди Палевски да не убеди дека е нормално што се возел среде Скопје со возилото на прво убиениот и се движел непречено? На крајот СДС да го праша министерот за правда до кај е екстрадицијата на Палчо? Дали е на повидок негово ослободување?“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку денеска МВР соопшти дека нема пропусти ниту пак простор за дисциплински постапки кон полициски службеници кои постапувале со случаите со Вања и Панче.

МВР: Нема пропусти во постапувањето на полицајците во случајот со Вања и Панче

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни