Македонија

Опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи – Обвинителството изврши увид

Опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи – Обвинителството изврши увид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар.

Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи.

Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни