Денеска во Скопје се одбележуваат 81 година од депортирањето на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“.
На настанот се положуваше цвеќе пред споменикот на 7.144-те депортирани во дворот на поранешниот скопски Монопол.
Свое обраќање на настанот имаше и амбасадорката на Израел, Симона Франкел која порача дека комеморацијата годинава за Израел има ново и болно значење.
Таа вели дека не сака да го споредува „холокаустот со масакрот од 7 октомври“.
„Таа вечер на 11 март 1943 година беа качени на возови од страна на нацистичкиот окупаторски режим и испратени во логорот за истребување ,,Треблинка “, каде сите беа убиени во гасните комори“, посочи Франкел.