Свет

Кремљ: Поканата на папата Франциско за преговори со Украина е сосема разумна

Кремљ: Поканата на папата Франциско за преговори со Украина е сосема разумна

Повикот на папата Франциско да се преговара за крај на војната во Украина е сосема разумен и Русија е подготвена за тоа, но Киев ја отфрли таа можност поради погрешниот став дека Западот може да ја победи Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„За жал, и изјавата на папата и изјавите на постарите, вклучително и нашата, наиде на најсилно отфрлање“, рече Песков, пренесе Ројтерс.

Песков потсети дека претседателот Владимир Путин постојано зборувал за подготвеноста и отвореноста на Русија за преговори, но дека Украина ги одбила таквите предлози.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни