Три деца се меѓу загинатите во терористичкиот напад во салата „Крокус“ во близина на Москва, според списоците на жртви објавени од Министерството за здравство на Московскиот регион во саботата наутро.
Уште 121 лице, меѓу кои и три деца, сè уште се хоспитализирани.
Според последните податоци од Русија, загинале повеќе од 60 луѓе, но оваа бројка може да се зголеми. Сите јавни настани се откажани во Москва и многу други региони во земјата во следните два дена.
Силно го осудувам нападот. Тоа е ужасен чин против невини цивили. Нашите мисли се со жртвите и нивните семејства и пријатели. Интерпол е подготвен да ја поддржи истрагата што ја спроведуваат руските власти, напиша на социјалната мрежа Икс генералниот секретар на Интерпол Јирген Сток.